ЛЕ: Гати е спасителот на Јувентус, Рома со минимална предност оди во Леверкузен (ВИДЕО)

257

Федерико Гати е херојот на Јувентус вечерва. Со голот во поледните секунди од судиското продолжение, 24-годишниот дефензивец на „Старата Дама“ го спаси својот тим од пораз на домашен терен во првото полуфинале од Лигата на Европа против екипата на Севиља.

Гостите имаа предност од 1:0 со голот на Ен Несири во 26. минута, но иако се чинеше дека ќе патуваат на домашен реванш со предност, Гати во последните секунди на мечот погоди и успеа да донесе уште еден неизвесен дуел во реваншите за место во големото финале.

Во вториот меч во Италија вечерва, Бове беше човекот на одлука за Рома. „Волчицата“ соминимални 1:0 славеше над Баер (Л) и со предност ќе патува на реваншот во Германија.

ПретходноКЛ: Вест Хем и Базел приредија два големи пресврти во првите полуфинални дуели (ВИДЕО)
СледноОвцата ЈуХуу е маскотата на СП во атлетика