ЛЕ – 1/2 финале: Јуве на мегдан со Севиља, Рома и Мурињо посакуваат ново европско финале

100

Вечерва на програмата се првите мечеви двете полуфиналиња во Лигата на Европа. Во Торино, тимот на Јувентус се среќава со Севиља, додека во Рим на “Олимпико“, Рома го дочекува тимот на Баер Леверкузен.

Дали е можно италијанско финале во Будимпешта во ова натпреварување ќе дознаеме за седум дена кога се играат реваншите.

Image

Јуве по сите перипетии кои ги има сезонава јасно е дека “мелем на рака“ ќе дојде тоа финале и освојување на пехарот, иако се знае дека Севиља е “специјалист“ за Лигата на Европа.Image

По ланскиот триумф во Лигата на Конференции, Рома и Жозе Мурињо посакуваат уште едно финале, но затоа да го добијат ќе мора да го совладаат, во двата меча, незгодниот германски тим од Леверкузен.

Во секој случај ќе биде интересно.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА – 21:00 Ч

РОМА – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН

ЈУВЕНТУС – СЕВИЉА

*Реваншите се играат на 18 мај

ПретходноКупот на Македонија без ЖРК Металург
СледноЛК – 1/2 финале: “Чеканите“ ќе удрат по АЗ Алкмар, Фиорентина фаворит против Базел