НБА повторно го потцени Јокиќ, нема место за Србинот во првата петорка

712

Откако НБА-лигата го прогласи најкорисниот играч за регуларниот дел од сезоната, МВП признанието отиде во рацете на Ембид, кој ги победи Јокиќ и Адетокумбо, сега ги објави двете најдобри петорки.

И овој пат српскиот центар е ставен во втор план, за него нема место во првата петорка во најсилното светско натпреварување. Тој се најде во втората петорка.

Најдобрите пет според НБА-лига се: Џоал Ембид (Филаделфија), Лука Дончиќ (Далас), Џејсон Тејтум (Бостон), Јанис Адетокмубо (Милвоки) и Шаи Гиџис Александер (Оклахома).

Покрај Јокиќ во втората петорка се и Стеф Кари (Голден Стејт), Џими Батлер (Мајами), Џејлен Браун (Бостон) и Донован Мичел (Кливленд).

Во третата петорка се Дерон Фокс (Сакраменто), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Демијан Лилард (Портланд), Џулиус Рендл (Њујорк) и Дамантас Сабонис (Сакраменто).

ПретходноШампионот ги преживеа Лејкерси, Дејвис ја напуштил салата во количка (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ и Ибрахимовиќ дојдоа со насмевки на „Сан Сиро“ кои брзо исчезнаа!