Во салата „Јане Сандански“ утринава беше одржан состанок на припадници на МВР со комесарите за безбедност на КК МЗТ Скопје и на КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ на кој од полицијата беа дадени насоки во делот на организацијата на саботното „вечно дерби“, прво од полуфиналната плејоф-серија, со цел тоа да мине во фер и спортска атмосфера, без никакви инциденти.
Од МВР, меѓу другото, побараа симпатизерите и фановите на гостинската екипа да бидат групирани околу нивната навивачка група, поради што наложија СИТЕ што ќе сакаат да го бодрат КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ на оваа пресметка во Аеродром да мора да купуваат билети ИСКЛУЧИВО за блоковите 3 и 4.
Влезниците за саботниот спектал се веќе во продажба со цена од по 100 денари за сите блокови, а може да се купат преку www.karti.com.mk и www.mktickets.mk , како и преку продажните места на „МК Тикетс“ ширум државата. На денот на натпреварот тие ќе се продаваат и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“ и тоа од 12 часот па сѐ до почетокот на мечот.