Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека неговиот тим го загуби првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите со Интер поради лошиот почеток.
„Црвено-црните“ до 11. минута примија два гола и не можеа да одговорат на предизвикот, но се оптимисти за реваншот на 16 мај.
„Факт е дека Интер до одмор играше подобро и постигна два гола. Доминиравме во вториот дел, но не постигнавме гол. Ова е фудбал на највисоко ниво. Противникот беше поефикасен, а ние премногу грешивме.
До 7. минута Интер немаше влезено во нашиот шеснаесетник, но поведе со првиот корнер. Сигурно требаше да бидеме поконцентрирани. Се надевавме на поинаков резултат, но мора да продолжиме да веруваме, бидејќи една епизода може да промени се на реваншот“, потенцира тренерот на „росонерите“.