Македонската репрезетација во јуни ја очекува стартот на квалификациите за слендиот Европскио шампионат. Протинвиците се познати, распоредот исто така.
Ние својот пат го започнуваме на домашен терен против тимот на Украина на 16 јуни. Селекторот Милевски нормално уште од сега го има скроено планот како и на кој начин посакува да дојдеме до стартни бодови но со кого ќе биде отворено прашањето очигледно до самиот крај.
Ова се однесува пред се на нашиот дефанзивен ред каде што имаме огромни проблеми во моментов.
Тука пред се се мисли на Висар Муслиу стабрадниот стопер на нашата репрезентација. Тој нема одиграно меч од март кога последен пат настапи за својот Инголштад против тимот на Цвикау. Потоа се повреди и нема сеуште надеж дека тој ќе се врати на терен.
Следува Никола Серафимов, исто така реална опција за Милевски и стандарден во повиците, а и на дел од мечевите. И тој мака мачеше пролетва со повреди, а последен пат настапи за својот Мол против Мезоковешд на 10 фебруари. Потоа следуваше скинатиот мускул, а во моментов Серафимов е опоравен, но е на клупа.
Дарко Велковски за својот тим Ал Етифаг на последните единаесет мечеви одигра на два пати по деведесет минути, еднаш 75, и два пати по полувреме.
Кире Ристевски исто така е со проблематична минутажа во тимот на Пјуник, затоа што на последните шест меча има настапено само еднаш во триумфот над Ширак.
Единствен од стоперската линија кој во моментов има полна минутажа е Ѓоко Зајков, кој во дресот на Универзитатеа Крајова во моментов е незаменлив.
Новитетот во А тимот, Јован Манев исто така не може да се пофали со првотимски статус во својата Адана, туку стрпливо ја чека шансата од страна на тренерот Монтела.
Езџијан Алиоски ја поправи својата позиција во Фенербахче во изминатите неколку кола и се почесто е во стартниот тим. За она што во моментов не треба да се грижиме е статусот на капитенот Стефан Ристовски кој нормално е алфа и омега во тимот на Динамо Загреб.
Селекторот Милевски како што дознава Спортмедиа, за репрезентативците чии што шампионати ќе завршат во теков на месец мај ќе инсистира да се појават во Скопје што побргу и да останат во тренажен процес.