Како што и доликува. Вчера на Градскиот стадион под Шара, непосредно пред почетокот на дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ, домашните со убав гест. Имено тие им приредија на гостите шампионски „шпалир“ ако се знае дека во неделата Струга ТЛ и официјално стана нов шампион на Македонија. Ова беа честитки од страна на сите во Шкендија до новиот првак.