Уште една победа против Малта во Скопје

1292

Репрезентацијата на Македонија до 15 години на чело со селекторот Драган Начевски предмалку на комплексот Петар Милошевски во Скопје ја совлада соодветната селекција на Малта со конечни 4:1.

Откако обезбедивме минимален триумф на првиот контролен дуел против истиот противник од 1:0 пред неколку дена, и денеска се покажавме во одлично светло, со назнака дека далеку подобро ги искористивме создадените шанси.

Стрелци за Македонија на овој меч беа Јаков Стојковски, Михаил Митревски, Антонио Сталески и Мартин Џангаровски.

 

ПретходноАндов: Среќен сум за прволигашкото деби, а Силекс покажа дека е екипа за во Европа
СледноСудиска вели, првиот гол на Силекс е регуларен