Чави го повика Хуанда во првиот тим, момче кое постигнало 103 гола во една сезона

3701

Од денеска со првиот тим на Барселона тренира колумбискиот крилен фудбалер Хуанда Фуентес, момчето кое се очекува да биде новата сензација во подмладениот каталонски тим кој сезонава гази кон титулата во Ла Лига.

19-годишниот фудбалер од Ла Масија, постојан член во Б тимот на Барса предводен од Рафа Маркез (12 пати во стартниот тим во првите 15 лигашки натпревари). Севкупно одигра 24 натпревари исто така играше против Баерн во младинската ЛШ и запиша две асистенции на тој меч.

Неговата фамилија се преселила во Шпанија по подобар живот кога Хуанда имал четири години. Тој израснал во каталонското гратче Монткада. Неговиот прв тим бил Монткада каде во една сезона постигнал дури 103 гола. Брутална статистика која го привлекла вниманието на Барса која го донела во своите редови. Веднаш го ставил во младинските категории, а сега го „спрема“ и за првиот тим.

 

 

ПретходноДимитријевиќ асистираше за голема победа на Уникс Казан во третиот финален меч
СледноТомовски ја „спушти ролетната“ против Алкалоид и го лансираше Вардар во Куп-финалето!