Чурлинов: Ова за мене беше тешка сезона во Барнли! Шалке? Ако сакаат да ме вратат ќе донесам одлука

776

Дарко Чурлинов не се наигра во Барнли во Чемпионшип сезонава. Едноставно немаше среќа, прво беше болен, а потоа и се повреди, па така беше надвор од терените подолго време.

Македонскиот репрезентативец за еден германски медиум истакнува дека ова за него била тешка сезона:

Не ми беше лесно, ја скинав тетивата и тоа на тренинг. Потоа ништо не одеше според замисленото. Ми треба време да бидам на своето ниво. Ќе се обидам да ја искористам летната сезона за да се вратам на она ниво на кое бев пред повредата“ вели Македонецот.

Инаку неговото име се споменува и со враќање во Германија, во Шалке:

Познато е дека минав фантастичен период во Шалке, за мене најважно е да ужива во играњето фудбал. Ако сакаат да ме вратат, секако дека ќе донесам одлука. Се разбира дека претходно ќе се консултирам со мојата менаџерска агенција и со моето семејство“ рече покрај другото Дарко Чурлинов.

ПретходноОдржан состанок на двата клуба со МВР: Вечното дерби да биде спектакл!
СледноБаражот меѓу Скопје и Вардар на 21 мај во Кавадарци!