Шампионот ги преживеа Лејкерси, Дејвис ја напуштил салата во количка (ВИДЕО)

1279

Кошаркарите на Голден Стејт, актуелниот шампион на НБА лигата, успеаја да опстанат во полуфиналната серија од Западната конференција, откако го победија ЛА Лејкерс со 121-106 и ја намалија негативата на 3:2.

Мечот го одблежа повредата на Ентони Дејвис, кој не можеше да го заврши мечот. На средината на последниот дел, Кевон Луни случајно му удри со лакт во главата, по што Дејвис се фати со рацете на главата, очигледно имаше големи болки. Тамошните медиуми пишуваат во инвалидска количка заминал на дополнителни тестови.

Вориорс веќе имаа 11 поени предност на средината од првиот дел (21:10), за да поведат со 70:59 на крајот од првиот дел. Тоа беше крајот на Лејкерси кои во вториот дел од натпреварот само еднаш се доближија на едноцифрена негатива.

Лејкерси без Дејвис во финишот беа немоќни, тој мечот го заврши со 23 поени и девет скока. Поефикасен од него беше само Леброн Џејмс кој постигна 25 поени и запиша девет скока.

Кога станува збор за Голден Стејт, Стив Кари постигна 27 поени и осум асистенции. Вигинс имаше 25 и седум скока, додека Дрејмонд Грин имаше дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скока.

Њујорк намали против Мајами, откако славеше со 112-103.

ПретходноЕвролига: Партизан „прокоцка“ Ф4, Монако испиша историја
СледноНБА повторно го потцени Јокиќ, нема место за Србинот во првата петорка