Интер како гостин на „Сан Сиро“ славеше против големиот ривал Милан со 0-2 во првата полуфинална пресметка во Лигата на шампиони.
На трибините имаше голем број на познати личности, а еден од нив беше Новак Ѓоковиќ. Тој со насмевка дојде на оваа средба, но ова расположение брзо се промени, неговиот Милан, во 8. и 11. прими голови, кои беа пресудни за крајниот резултат на оваа средба.
Djokovic and Shevchenko at San Siro. pic.twitter.com/MQrYq7Xhi4
— Latifat Adebayo-Ohio (@Phatill) May 10, 2023
Покрај него тука беше и Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот напаѓач сигурно не очекуваше дека неговиот тим исто ќе биде поразен по само 11 минути игра. Камерите го фатија шведскиот напаѓач во вистинско време изгледаше загрижено и очајно.