Јапонски репрезентативец ќе му биде соиграч на Елмас

327

Италијанскиот шампион Наполи во летниот преоден рок ќе се засили со јапонскиот репрезентативец Даичи Камада. Од клубот оценија дека е многу важно да донесат неколку Азијци со цел да стекнат популарност во тој дел од светот, па освен Ким Мин-Јае сега сакаат и јапонскиот играч од средниот ред Камада.

На Камада наскоро му истекува договорот со Ајнтрахт Франкфурт што значи дека тој како слободен фудбалер ќе се пресели во Неапол.

Други италијански извори информираат дека Наполи е заинтересиран и за јужнокорејскиот интернационалец Канг-ин Ли кој има одлична сезона во Мајорка. Исто така на списокот го имале и Јапонецот Такефуса Кубо кој игра во Реал Сосиедад.

Меѓу другите фудбалери кои се споменуваат за потенцијални засилувања за шампионот на Италија се дефанзивецот на Менхенгладбах Ко Итакура и австрискиот дефанзивец Кевин Дансо кој игра во Ленс.

ПретходноMилан остана без уште еден важен фудбалер во финишот на сезоната
СледноХаотично во Шкупи: Омер Буњаку си замина од клубот!