Mилан остана без уште еден важен фудбалер во финишот на сезоната

112

По Рафаел Леао, Милан се соочи со нов проблем затоа што еден од важните играчи Исмаел Бенасер се повреди на првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер. „Росонерите“ објавија дека Бенасер нема да игра до крајот на сезоната затоа што ќе мора да прави операција на десното колено и го чека долг период на рехабилитација.

Mилан кој се бори за четвртото место во италијанската Серија А ќе игра уште четири меча: Специја (гости), Сампдорија (дома), Јувентус (гости) и Верона (дома) плус го очекува реваншот од полуфиналето на ЛШ со Интер на 16 мај.

Моментално Милан е на петтото место со 61 бод, а Интер на четвртото место има 63 бода, додека третопласираниот Лацио 64. Првите четири екипи обезбедуваат учество во ЛШ идната сезона преку Серија А.

 

 

ПретходноКуп на Македонија: Пелистер прв финалист!
СледноЈапонски репрезентативец ќе му биде соиграч на Елмас