Шампионот Шахтјор од Солигорск остана без титулата и притоа доби жестока казна поради тоа што местел натпревари во сезоната 2021/22. УЕФА реагираше и го исфрли Шахтјор од европските купови, а притоа е казнет со парична казна од 135.000 евра плус за оваа сезона му се одземаат 30 бодови, додека следната сезона ќе ја почне со -20 бодови.
УЕФА во истрага докажа дека белорускиот клуб учествувал во местење на натпревари и подмитувал судии за споменатата сезона.
Притоа играчи, вработени во клубот и неколку судии добија финансиски казни и забрана за работа во фудбалот во период од 6 месеци до 5 години.
FOTO> www.fcshakhter.by