КЛ: Вест Хем и Базел приредија два големи пресврти во првите полуфинални дуели (ВИДЕО)

198

Со пресврт во второто полувреме екипата на Вест Хем славеше над холандски АЗ Алккмар со 2:1 во првиот полуфинален дуел од Конференциската лига на УЕФА. Вечерва во Лондон гостите одлично го отворија мечот и со еден прекрасен гол на Рајндерс во 41. минута успеаја да поведат со 1:0.

Вест Хем ја искористи паузата на полувремето да се соземе и брзо во вториот дел да се врати со пресврт. Најпрво Бенрама од пенал во 67. минута израмни на 1:1, а со голот на Антонио во 76. минута домашните направија целосен пресврт и со предност ќе патуваат на реваншот.

Во вториот полуфинален дуел, пак, гостите од Швајцарија приредија пресврт во второто полувреме. Фиорентина со голот на Кабрал успеа на пауза да замине со предност од 1:0 и кога се чинеше дека „виолетовите“ можат лесно да го решат мечот во своја полза следуваше нокаут.

Најпрво Диуф во 71. минута израмни на 1:1, а во судиското продолжение Зеки погоди за шокантни 1:2 и голема предност на Базел на реваншот кој ќе го игра дома.

ПретходноКореецот за лудилото во Неапол: Ми станува непријатно, во рестораните не ми даваат да платам!
СледноЛЕ: Гати е спасителот на Јувентус, Рома со минимална предност оди во Леверкузен (ВИДЕО)