Откако НБА-лигата го прогласи најкорисниот играч за регуларниот дел од сезоната, МВП признанието отиде во рацете на Ембид, кој ги победи Јокиќ и Адетокумбо, сега ги објави двете најдобри петорки.
И овој пат српскиот центар е ставен во втор план, за него нема место во првата петорка во најсилното светско натпреварување. Тој се најде во втората петорка.
Најдобрите пет според НБА-лига се: Џоал Ембид (Филаделфија), Лука Дончиќ (Далас), Џејсон Тејтум (Бостон), Јанис Адетокмубо (Милвоки) и Шаи Гиџис Александер (Оклахома).
Покрај Јокиќ во втората петорка се и Стеф Кари (Голден Стејт), Џими Батлер (Мајами), Џејлен Браун (Бостон) и Донован Мичел (Кливленд).
Во третата петорка се Дерон Фокс (Сакраменто), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Демијан Лилард (Портланд), Џулиус Рендл (Њујорк) и Дамантас Сабонис (Сакраменто).
The 2022-23 Kia All-NBA First Team:
▪️ Giannis Antetokounmpo
▪️ Luka Doncic
▪️ Joel Embiid
▪️ Shai Gilgeous-Alexander
▪️ Jayson Tatum@Kia | #NBAAwards pic.twitter.com/gTIplts7oR— NBA (@NBA) May 10, 2023