Кога ќе се победи една Шкендија среде Тетово со 2:1, и не само да се победи туку и во целост да се надигра тоа секако дека не мала работа. Токму затоа стратегот на новиот шампион, Шпетим Дуро според „Спортмедиа“ е тренер на ова 32. коло. Неговиот тим беше на ниво, покажа зошто е шампион, и ако присебноста на неговите играчи, посебно напаѓачи, беше на повисоко ниво тогаш триумфот ќе беше уште поубедлив.
Кај стратегот на Струга ТЛ немаше никакви емоции во однос на Шкендија како нејзин поранешен тренер во два мандати.
Така и треба кога станува збор за професионалноста.