Хаотично во Шкупи: Омер Буњаку си замина од клубот!

3940

Шкупи не успеа да ја одбрани шампионската титула, па на едно коло до крајот на сезоната членови и фудбалери на клубот поднесуваат оставки или си заминуваат. Сето ова изгледа хаотично и дава слика дека сопственикот Олгун Ајдин ја губи контролата во клубот.

Вчера Шкупи  остана и без еден од најдобрите играчи Фреди Алварез кој прави трансфер во Азија, пред некој ден си замина техничкиот директор Јане Николовски, а  денеска и спортскиот директор Омер Буњаку. Тој на социјалните мрежи соопшти дека нема да продолжи да директорува во клубот од Чаир.

Денеска се одржа последната средба со првиот човек на клубот на која разговаравме за сезоната што завршува и за плановите за следната сезона.

Го известив претседателството и сопственикот дека повеќе нема да бидам дел од претседателството и јавно им се заблагодарувам на сите членови како и на сопственикот за соработката во текот на овие години.

Со поголема гордост ќе се сеќавам на овие 6 години во клубот каде најпрвин успеавме да најдеме финансии за да го одржиме клубот во живот, а потоа со добра организација секоја година стигнавме до европските натпреварувања, а лани до шампионска титула по 21 година!

Ќе бидам горд цел живот за сите инвестиции на стадионот како што се; трибината која е една од најголемите инвестиции во клубот од формирањето, новиот терен, нови соблекувални итн…

Сакам да им се заблагодарам на сите тренери, играчи кои низ годините ми веруваа во планот и беа дел од нашиот тим, благодарам на ФФМ, на секоја државна институција која постојано ни беше на услуга, им благодарам и на сите клубови за FairPlay и коректност.

Најголемата благодарност до моите фанови и најдобрата група „Шверцери“!

Засекогаш Форца Шкупи“, напиша Буњаку.

 

ПретходноЈапонски репрезентативец ќе му биде соиграч на Елмас
СледноБелорускиот шампион доби жестока казна и остана без титулата