Добро му оди на нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски на ИТФ фјучерсот деновиве во Куршумлиска бања во Србија. Имено тој денеска избори пласман во полуфиналето, а попладнево се пласира и во финалето во двојки.
Калин доцна попладнево заедно со својот партнер, Олександар Овчаренко од Украина, со 2:1 во сетови победија во полуфиналето против Лајал од Естонија и Лок од Зимбабве. Во финалето Ивановски и Овчаренко ги очекува дуел со Чепелев од Русија и Халак од Белорусија.