Куп на Македонија: Вардарки преку првакот до финале против Куманово!

118

Куманово и Вардар ќе играат во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција. Првата екипа стигна без борба, додека пак Вардар го совлада новиот првак, Ѓорче Петров со 30-27 (15-13).

Стефановска со 10 гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Николиќ беше стрелец на пет гола, Кицевска 14 одбрани.

„Црвено-црните“ добро влегоа во првото полувреме, по 3-1, нешто подоцна со серија од 6-0 дојдоа на плус шест (12-6), но не го задржаа ритамот. Ѓорче Петров врати со пет гола и дојде на 12-11. Сепак избраничките на Александар Царчев, ја задржаа позитивата, на одморот беше 15-13.

Новиот првак успеа да израмни на второто полувреме, по последните 20-20, противникот успеа да ги казни грешките и на средината на овој период да поведе со 26-22 во 52 минута. Ѓорче Петров не се откажа, се издигна пред и на четири и пол минути до крајот доближи на 27-25.

Кризата во редовите на Вардар ја прекинаа Миновска, Стефановска и Коцева го доближија својот тим на чекор до финалето (30-25). Ова беше доволно за мирен финиш и голема радост во редовите на Вардар.

ПретходноСмолинг не се враќа во Англија, потпишал нов договор со Рома
СледноКарлос Тевез: Кога дојдов во Сити имавме само четири тушеви и се пресоблекувавме во контејнер!