Херта се распадна во Келн, го има најлошиот ефект на гостински терен во Бундес лигата

118

Екипата на Херта која од идната сезона ќе игра во втората Бундес лига, запиша убедлив пораз на гостувањето кај Келн со 5:2 во 32.коло на најсилната германска лига. Берлинците се држеа некаде до 39 минута, а потоа потклекнаа.

Дејви Зелке го доведе Келн во водство, Тусар изедначи, потоа Јоветиќ носи водство за гостите, за до крајот на полувремето „јарците“ да ги свртат резулатот на 3:2 со головите на Хуберс и Шкири.
Во вториот дел Хуберс и Хусеинбашиќ ги поставија конечните 5:2.
Со само пет освоени бода од 16 натпревари, Херта го има најлошиот рекорд на гостински терен во Бундес лигата. Единствената победа им е против Аугзбург на почетокот на септември.
До крајот ќе имаат уште два меча, против Бохум на домашен терен и против Волфсбург во гости.

ПретходноKомити во акција: Донирајте за спас на ФК Вардар
СледноРеми на Лацио со Лече во најлош момент