Екипата на Вардар е еден од 12. тимови кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига. „Црвено-црните“ до овој статус дојдоа откако го совладаа составот на Ангели со 73-82 за 2-0 во серијата.
Вардар мечот го реши во првото полувреме. По првите десет минути поведе со 18-25, додека веќе следниот период успеа да реализира 21 поен, а додека да прими само пет, за 23-46 на одморот. На другата страна Ангели на успеа да се врати.
Бајрам со 25 поени го предводеше победничкиот тим, зад него беше Митков со 21, Атанасов имаше 16, а Ивановиќ уште 12 поени. Кај Ангели, Арсовски беше стрелец на 24 поени, Аргировски имаше четири помалку.