Калин обезбеди полуфинале во Куршумлиска Бања

92

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се избори за пласман во полуфиналето на турнирот во Србија, поточно во Куршумлиска Бања. Тој во четвртфиналето беше подобар од Хади Хабиб од Либан со конечни 2:0 по сетови 7:6, 7:5.

Иако противникот имаше водство од 5:1 во првиот сет, сепак, Ивановски го пронајде ритамот во вистински момент, па најпрво ја врати негативата, а потоа и обезбеди сет во тај брејкот.

И во вториот сет, слична борба во која Ивановски по час и 44 минути исвојува конечен триумф.

 

ПретходноКуп-трофејот во женска конкуренција добива нов сопственик!
СледноТетекс-експрес се врати во Втората лига!