По се она што ПСЖ му го направи на Лео Меси, кога светскиот првак мораше да се извинува, повеќе од јасно е дека речиси сите познати некогашни и сегашни ѕвезди на фудбалска Аргентина сакаа да кажат нешто во прилог на Лео.
Посебно се истакна Хавиер Маскерано кој долги години играше заедно со Меси во Барселона. Тој со навредливи зборово коментираше за ПСЖ.
И еден Карлос Тевез не остана должен.
И тоа дека можеби Арапите влегле со многу пари во фудбалот но манирите ги оставиле зад врата.
“Меси нема третман кој го заслужува во ПСЖ. Тие треба да бидат среќни што тој е нивни член. Се сеќавам каде беше ПСЖ пред извесно време кога јас играв за Јунајтед против нив, па во средината на табелата во Лига 1. Клуб кој ништо не значеше во светот на фудбалот. Така беше и со Сити кога потпишав, односно кога дојдов таму во 2009 година. Замислете вкупно имавме само четири тушеви, се пресоблекувавме во контејнер“ посочи Тевез.