Куп-трофејот во женска конкуренција добива нов сопственик!

196

Вториот ден од Купот на Македонија во Охрид е резервиран за полуфиналните пресметки во женска конкуренција. Наместо две средби во СЦ „Билјанини извори“ ќе се одигра само едно полуфинале.

Бранителот на трофејот, ЖРК Металург се откажа од настап во Купот на Македонија, причината е неисплатени долгови кон ракометарките. Па оттука пехарот дефинитивно ќе доби нов сопственик.

ЖРК Куманово директно се пласираше во финалето, па денеска ќе има шанса да се одмори пред главната битка. Додека во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Вардар и Ѓорче Петров, мечот е закажан во 20 часот.

ПретходноЈокиќ е единствен: До финалето ќе гледам трки со коњи!
СледноКалин обезбеди полуфинале во Куршумлиска Бања