Марсело Биелса има нова работа!

305

Аргентинецот Марсело Биелса ќе ја превземе фудбалската репрезентација на Уругвај и ќе ја води најмалку до Светското првенство во 2026 година, соопшти тамошниот фудбалски сојуз. Биелса и АУФ постигнаа договор, а единствено што недостасува е потпишувањето на договорот.

„Постигнавме договор, разликите во формулацијата се испеглаа и останува само потпишувањето на договорот“, потврди членот на Извршниот одбор на АУФ, Хорхе Касалес.

Биелса ќе го наследи Уругваецот Диего Алонсо кој го напушти кормилото откако беше елиминиран во групната фаза на СП 2022. Уругвај ќе биде третата репрезентација за Биелса. Тој ја водеше Аргентина од 1998 до 2004 година, а Чиле од 2007 до 2011 година.

Неговата последна работа беше во Лидс Јунајтед од 2018 до февруари 2022 година.

Биелса би требало да дебитира на клупата на Уругвај во јуни на пријателските натпревари против Никарагва и Куба. Јужноамериканските квалификации за Светското првенство ќе започнат во септември.

ПретходноАлегри одби да го коментира спорниот момент!
СледноНедановски не крие: Посакував финале со Пелистер!