Рома на домашен терен го победи Баер Леверкузен со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа.
Тренерот на италијансмиот тим, Жозе Мурињо имаше право на задоволство по мечот.
„Секоја чест за моите играчи за нивната желба и одговорноста и менталитетот што го покажаа“, изјави Мурињо за Sky Sport Italia.
Стотици навивачи на Рома се собраа околу стадионот Олимпико за да ги пречекаат играчите со факели, огномет и знамиња додека пристигнуваа на натпреварот.
„Ги видовме навивачите што направија за нас. Тоа влијаеше дури и на некој како мене, кој има големо искуство“, откри Мурињо, па продолжи.
„Натпреварот не беше лесен, беше психички напорен. Тешко е да се игра против Баер, да се остане фокусиран 90 минути, да се игра за победа и во исто време да се знае дека може да те загрозат на контра“.