Недановски не крие: Посакував финале со Пелистер!

252

Вардар 1961 го победи Алкалоид во полуфиналето на Купот на Македонија и на патот до одбрана на трофејот ќе го има големиот ривал, Пелистер, кој пред нецела недела славеше против „црвено-црните“ во дуел за титулата.

Избраниците на Владо Недановски не им дозволија на младите ракометари на Алкалоид да дојдат до нова сензација, а стратегот на најтрофејниот тим не крие дека сакал финале со Пелистер.

„Јасно е дека против тим како Алкалоид со толку репрезентативци и селекторот Лазаров на клупата треба време за добро да се подготвиш. Одигравме на добро ниво. Клучно беше добрата подготовка за мечот и полуфиналето, како и желбата да имаме барем еден трофеј оваа сезона. Искрено јас посакував финале Пелистер затоа што тоа е празник за ракометот. Мислам дека имаме квалитет да се носиме и ќе го искористиме утрешниот ден за анализа на финалето“, рече Недановски.

Финалето е закажано за утре со почеток во 18 часот.

ПретходноМарсело Биелса има нова работа!
СледноЈокиќ е единствен: До финалето ќе гледам трки со коњи!