Пелистер обезбеди билети за своите навивачи, денеска ќе ги пушти во продажба!

421

Пелистер и Вардар 1961 само една недела од дерби пресметката во Битола за титулата, повторно ќе ги вкрстат копјата, овој пат за трофејот во Купот на Македонија.

Финалето е закажано за 18 часот (сабота) во СЦ „Билјанини Извори“, а според најавите салата ќе биде исполнета до последното место.

Раководството на Пелистер пред стартот на полуфиналето ги информираше своите симпатизери дека веќе има обезбедено билети доколку тимот се пласира во финалето, а истите денеска ќе бидат пуштени во продажба.

ПретходноМурињо за навивачите на Рома: Видов што направија, тоа влијаеше дури и на мене!
СледноБеше единствениот кој не гласаше за Јокиќ за МВП: Направив грешка, не размислував!