Реми на Лацио со Лече во најлош момент

138

Лацио киксна во 35.коло на италијанската Серија А затоа што ремизираше на „Олимпико“ 2:2 со Лече, екипата која се бори за опстанок.
Тимот на Маурицио Сари беше пред пораз и на крајот спаси бод во многу важен меч и важен период од сезоната кога се потребни бодови за излез во Лигата на шампионите.
Гостите можеа да поведат во 23.минута, но Габриел Стрефеза промаши пенал. На спротивната страна Луис Алберто го пронајде Имобиле кој носи водство на Лацио.
Лече, сепак, успева да изедначи. Реми Оудин го погодува голот на Лацио, а истиот играч во второто полувреме носи и пресврт. Во 94 минута Лацио успеа да изедначи и тоа преку Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Лацио има 65 бодови на третото место но од позади опасно напаѓаат Интер, Милан, Аталанта и Рома.
Лече е на 16. место со 32 бода, пет повеќе од опасната зона.

ПретходноХерта се распадна во Келн, го има најлошиот ефект на гостински терен во Бундес лигата
СледноЛеброн и Лејкерси го исфрлија шампионот и стигна до финалето на Западот