Пред неколку дена беше извршена ждрепката за ЕП 2024 кое ќе се одржи во јануари следната година во Германија. Ншите ракометари се паднаа во екстремно тешка група, и тоа заедно со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.
За тоа како ја оценува нашата репрезентација која ќе му биде ривал на ЕП, свој коментар имаше Алфред Гисласон, селекторот на Германците:
„Македонија е ракометна нација. Со нејзе, но и со сите селекции во оваа група ќе имаме одличен ракомет. Македонија секако дека ќе дојде со своите фантастични навивачи и со многу ентузијазам за докажување. Имаат добри ракометари, ја подмладија репрезентацијата, имаат талент, а добри се и офанзивата и во дефанзивата“ рече покрај другото селекторот на Германија.