Смолинг не се враќа во Англија, потпишал нов договор со Рома

147

Англискиот дефанзивец Крис Смолинг потпишал нов, двегодишен договор со Рома со важност до 2025 година тврдат италијанските медиуми. Централниот бек дојде во редовите на „волците“ од Манчестер Јунајтед во летото 2019 година прво на позајмица, а една година подоцна и со постојан договор.

Според информациите на „Калчомеркато“, Смолинг ќе заработува по 3,5 милиони евра по сезона во наредните две години. Се очекува клубот да го објави продолжувањето на соработката во текот на идната недела.

За Смолинг имаше интерес од англиски клубови, но очигледно повеќе му се допаѓа Италија и Серија А.

ПретходноТомас Тухел: Титулата е во рацете на Баерн Минхен!
СледноКуп на Македонија: Вардарки преку првакот до финале против Куманово!