До крајот на сезоната во Бундес-лигата остануваат само уште три кола. Баерн Минхен има само еден бод предност и затоа “баварвите“ самите си ја решаваат својата судбина, посебно по оној кикс на “милионерите“ пред неколку кола кога одиграа само 1:1 кај Бохум, иако реално на тој меч беа драстично оштетени од судијата.
За тоа дали неговиот тим на крајот сепак ќе го задржи тоа прво место, свој коментар имаше Томас Тухел, стратегот на Баерн Минхен пред утрешниот меч со Шалке:
“Да, точно е дека титулата е во рацете на Баерн Минхен, но ние мораме и тоа како да се бориме за нејзе, затоа и ја бркаме. Имаме бод предност, затоа се е во наши раце, се зависи од нас. Мене до крајот ме интересира само мојот тим“.