Денеска беше одржана седница на УО на Фудбалската федерација на Македонија. Беа донесени неколку одлуки, а една од тие беше дека баражот за ПМФЛ меѓу Скопје и Вардар ќе се игра во Кавадарци на 21 мај со почеток од 17 часот. Она што вчера „Спортмедиа“ го најави.
Ден претходно ќе се игра и финалето на Купот на Македонија меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП, но на ФФМ со почеток исто во 17 часот.
Инаку беа донесени и следните одлуки:
– Распределба на средства од солидарна шема на Уефа, на клубовите од МФЛ за млади категории
– Финале Куп на Македонија (жени) ќе се одигра на 16, мај, на стадионот во Ѓорче Петров, во 16. часот;
– Финале Куп на Македонија (младинци) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 17. часот;
– Финале Куп на Македонија (кадети) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 10:30 часот;
– Финале Куп на Македонија (пионери) ќе се одигра на 17 мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17. часот;
– Финале Куп на Македонија (помлади пионери) ќе се одигра на 17. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 10:30 часот;