Шкендија со понуда до Бејтулаи за нов договор, капитенот е на потег!

1389

Познато е дека во јуни, значи за неколку денови, на капитенот на Шкендија и наш репрезентативец Егзон Бејтулаи му истекува договорот со тетовските “црвено – црни“. Еден од клучните играчи на Шкендија кој пред неколку недели го забележа и јубилејниот 300-ти настап за тимот од Тетово, секако дека е еден од главните “шрафови“ во составот па јасно е дека Шкендија има намера да го задржи и натаму.

Па така раководството на клубот на Бејтулаи му доставило понуда за нов договор, со цел тој и натаму да биде во „црвено – црниот“ дрес. Оваа вест за “Спортмедиа“ ја потврди Харун Иса, спортскиот директор на Шкендија и напомена дека сега самиот фудбалер е на потег. Тој има време да се изјасни дали ќе ја прифати понудата или пак својата кариера ќе ја продолжи надвор од Македонија.

Нешто слично се случува и со Љупче Дориев, и тој е слободен во јуни, но и тој има понуда од Шкендија за нов договор.

Од она што е познато, по завршување на сезоната договорите со Шкендија им истекуваат и на Ардијан Цуцули и Мевљан Мурати. Сите останати се “врзани“ со договори.

ПретходноИџе Стефановски: Со братот Никола Митревски во Порто!
СледноСао Паоло потпиша со Лионел Меси! (ФОТО)