Јокиќ испиша историја и го однесе Денвер во финалето (ВИДЕО)

932

Денвер го совлада Феникс со 125-100 во шестиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот во Западната конференција. Тоа беше четврта последователна победа на најдобриот тим на Западот во оваа серија, клучна за влезот на Денвер во конференциското финале.

Јокиќ повторно беше на висина на задачата, овој пат запиша нов трипл-дабл учинок. Натпреварот го заврши со 32 поени, 10 асистенции и 12 скока, а серијата против Феникс со просек од 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции по натпревар.

Само тројца играчи во историјата одиграле серија со трипл-дабл просек, а во неа постигнале 30 или повеќе поени. Расел Вестбрук во 2017 година во првото коло од плеј-офот, Леброн Џејмс истата година во финалето и сега Јокиќ.

Покрај Јокиќ стандардна партија пружи Мареј, кој постигна 26 поени, на другата страна Пејн имаше 31 поен, Дурент застана на 23 поени.

Бостон успеа да израмни на 3-3 во серијата против Филделфија, откако на гостински терен славеше со 95-86.

ПретходноОвцата ЈуХуу е маскотата на СП во атлетика
СледноВардар се врати меѓу прволигашите!