Беше единствениот кој не гласаше за Јокиќ за МВП: Направив грешка, не размислував!

2971

Никола Јокиќ доби 99 од 100 гласови од комисијата на спортски новинари и телевизиски куќи за влез во идеалната петорка на НБА лигата за сезоната 2022/23. Она што беше непознато е името кое не гласаше за одличниот српски центар на Денвер Нагетс по сезона во која имаше просек од 24,5 поени, 11,8 скока и 9,8 асистенции по натпревар. Откриено е дека тоа е Марк Џексон.

Во неговиот избор за најкорисен играч на основниот дел од НБА лигата победи Џоел Ембиид (Филаделфија), Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Шаи Гилгеус-Александер (Оклахома Сити Тандер) и Донован Мичел (Кливленд Кавалирс).

Џексон, некогаш многу добар разигрувач во Њујорк, Индијана, ЛА Клиперс и други, подоцна тренер на Голден Стејт, сега аналитичар на ESPN и коментатор, се извини за тоа што го направил и призна дека згрешил.

„Гледате дека ставив еден центар, двајца крилни играчи и двајца дефанзивци. Не размислував. Им се извинувам на Денвер Нагетс и Никола Јокиќ, кои не само што треба да бидат во предвид за МВП играч на лигата и заслужува да биде и еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА. Згрешив“, изјави Џексон.

ПретходноПелистер обезбеди билети за своите навивачи, денеска ќе ги пушти во продажба!
СледноАлегри одби да го коментира спорниот момент!