Давид Тошевски полека, но сигурно се враќа во својата добра форма на која сме навикнале да го гледаме до пред некоја година. Имено нашиот интернационалец денеска му даде два гола на Урал и тоа како предводник на вториот тим на Ростов за кого пред три години направи голем трансфер од Работнички. Потоа следуваа неколку позајмици и лоши периоди, но очигледно дека сега се враќа.
Оваа пролет Давид има забележано пет голови и две асистенции.