Иако има полни 37 години во моментов, формата и класата која што Един Џеко ја покажува во моментов во дресот на Интер, му дава за право и натаму да се смета за светска класа на фудбалер. Токму затоа, клубот ќе го испочитува босанецот со нов едногодишен договор кој ќе трае до следното лето.
Имено, актуелниот дил на Џеко со Интер завршува наскоро, и имаше доста шпекулации околу неговиот статус понатаму. Се шпекулираше со многу дестинации, како САД, Блискиот Исток, Кина, но на крајот се случи она што е и очекувано.
Интер не сака да се откаже од искусниот играч и му понуди нова соработка. Џеко истата со задоволство ќе ја прифати.