И не беше тешко да се претпостави кој е најдобар во тековната 2022/23 во Премиерлигата. Со своите рекорди и постигнати голови, тоа секако дека Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити кој со своите голови едноставно ги урна сите рекорди.
Токму и затоа немаше дилеми за околу 400 новинари од Англија кои гласаа и го прогласија токму Халанд за најдобар во тековната сезона.
Интересно е што 82% од новинарите гласаа за него.
На второ место се најде Букајо Сака (Арсенал), па Мартин Одегард (Арсенал), Кевин Де Брујне (Манчестер Сити) и Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед).