Јокиќ е единствен: До финалето ќе гледам трки со коњи!

278

Никола Јокиќ со трипл-дабл го предводеше својот Денвер до четвртата победа против Феникс за конечни 4-2 и пласман во финалето на Западната конференција. Додека го чека противникот (подобриот од Голден Стејт и ЛА Лејкерс), српскиот центар изјави дека времето ќе го поминува со своето семејство, ќе се обиде да се одмори и најважно ќе гледа трки со коњи.

„Како ќе го поминам времето до почетокот на Западното финале? Ќе ги гледам трки со коњи на кои учествува мојот пријател во Италија. Ќе поминувам време со моето семејство. Се надевам дека времето ќе биде убаво за да можам да бидам надвор покрај базенот. Ќе се опуштам“, изјави двократниот МВП на лигата. 

Јокиќ во победата на Денвер запиша 32 поени, 10 скока, 12 асистенции, 1 блокада, 3 украдени топки и 2 загубени топки.

ПретходноНедановски не крие: Посакував финале со Пелистер!
СледноКуп-трофејот во женска конкуренција добива нов сопственик!