Вардар 1961 сепак не му дозволи на Пелистер да му земе уште еден трофеј оваа сезона. „Црвено-црните“ го победија големиот ривал во финалето на Купот на Македонија и стигнаа до 16. пехар во ова натпреварување.
Борко Ристовски кој во текот на целиот меч постојано беше провоциран од страна на навивачите на Пелистер, не заборави да ги „пецне“ после победата.
На својот „Инстаграм“ профил сподели фотографија со пехарот потенцирајќи дека денеска бил по риба…