По завршување на мечот меѓу Вардар и Пелистер во финалето на Купот на Македонија дојде до мешаница на теренот. А неколку часа по завршување и на средбата, на „Инстаграм“ профилот на Филип Талески може да се види видео на кое полицаец го удира македонскиот репрезентативец со пендрек по глава.
Се чини само во Македонија се удри по своите спортисти, а за да срамот биде уште поголем, видеото веќе е споделено низ сите европски медиуми. Овој полицаец испрати лоша слика за нашата земја, особено за начинот на кој се третираат македонските репрезентативци.