“Само Јокиќ е подобар од Дражен…“

671

Никола Јокиќ, центарот на Денвер е мега – ѕвезда во НБА, мега – ѕвезда во светот на кошарката. Србинот од меч во меч, од сезона во сезона ги поместува границите на невозможното во кошарката.

За тоа своја “вина“ има и неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ, позната фаца на овие простори кој е задолжен за кариерата на кошаркарот на Денвер.

Секогаш кога ќе каже нешто Ражњатовиќ, тоа секако дека се мери премерува.

Па така вечното прашање, дали некој успеал да го стигне Дражен Петровиќ како најдобар од овие простори.

Познато е дека имам голема љубов кон Дражен Петровиќ кој веќе три децении не е со нас. Мислам дека неговата кошарка беше совршенство, најблиску до уметност. И кога е така, тогаш морам да кажам дека искрено жалам што ете сега има подобар од него, а тоа е Никола Јокиќ. Само Јокиќ е подобар од Дражен. Сите останати се далеку, далеку под ова ниво на Петровиќ и Јокиќ. Се разбира дека мораме да знаеме во кое време играше Дражен“ посочи Ражњатовиќ во интервјуто за “Спортске Новости“.

ПретходноАсенсио му донесе победа на Реал (М) (ВИДЕО)
СледноКаков срам: Полицаец го удри Талески со пендрек по глава (ВИДЕО)