Англичаните тврдат: Покетино се договори со Челзи!

132

Маурисио Покетино ќе се врати во Премиер лигата. Поранешниот тренер на Тотенхем ќе се врати во Лондон за да се обиде да го поправи имиџот на новиот Челзи под водство на новиот сопственик Тод Боли. Договорот е реалност, потврди магазинот „Атлетик“, и ќе биде објавен во наредните денови. „Сините“ следната сезона нема да играат во Европа, а задача на Покетино ќе биде да ги врати на шампионски патеки.

По отказот на Потер, и Маурицио Покетино и Џулијан Нагелсман се појавија како фаворити да ги водат лондончани, но Германецот ја одби работата. Покетино, кој го водеше Тотенхем до финалето во Лигата на шампионите во 2019 година, а по заминувањето од Пари Сен Жермен минатото лето е без работа.

ПретходноРаботнички не го издржа темпото на првакот, МЗТ Скопје на победа до финале (ФОТО)
СледноАко Аугзбург ја победи Борусија (Д), Баерн ќе им испрати еден воз со пиво!