Баерн го згази Шалке, новата титула е многу блиску… (ВИДЕО)

109

Ако некој се надеваше дека Баерн Минхен, на свој терен, ќе киксне против еден Шалке и тоа како се излажа. И не само што не киксна туку “баварците“ го декласираа тимот од Гелзенкирхен со 6:0 и сега се блиску, многу блиску до освојување на новата титула, сами си решаваат во последните две кола.

Попладнево во Минхен за домашниот тим стрелци беа Милер, двапати Гнабри, потоа Кимих, Тел и Мазрауи.

Ајнтрахт Франкфурт со 3:0 беше подобар од Мајнц, Камада, Бута и Коло Муани ја донеса оваа победа и овие три бода.

Волфсбург како домаќин славеше против Хофенхајм со 2:1, и тоа со головите на Камински и Валдшмит, за гостите стрелец беше Џуалувогу кој си даде автогол.

Бохум со 3:2 славеше против Аугсбург и освои злато вредни три бода во битката за опстанок.

И уште една домашна победа, Унион Берлин со 4:2 го победи Фрајбург и со си ги зголеми шансите за пласман во ЛШ.

ПретходноСалернитана со гол во 90+2. ја победи Аталанта!
СледноЧелси само до бод против “шумарите“, Астон Вила го победи Тотенхем, триумф и на Јунајтед… (ВИДЕО)