Балотели прави шокантен трансфер!

7493

Марио Балотели во новата сезона најверојатно ќе игра во Романија и тоа во тимот на Рапид Букурешт. Ова денеска го пишуваат медиумите во Романија и наведуваат дека првичните контакти се остварени и сега се чека на Италијанецот да го каже својот последен збор.

Условот на менаџерите на Балотели е тој да добива најмалку милион евра годишно од Рапид Букурешт.

Инаку Балотели, кој сега има 32 години, некогаш важеше за еден од најдобрите светски напаѓачи, но сега е далеку од тоа ниво.

Тој досега во својата кариера играше за: Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор и сега е во Сион.

ПретходноОсасуна ја “скрши“ Алмерија…
СледноВМФЛ: Саса се спаси, Тетекс во бараж, Пехчево Локомотива испадна од втора лига