Витцел објави дека нема повеќе да игра за Белгија

112

Белгискиот фудбалер Аксел Витцел објави дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата на Белгија. Тој учествуваше на пет големи турнири со националниот тим, запиша 15 гола и осум асистенции во целата кариера за Белгија.
Беше голема чест да ја претставувам мојата земја 15 години. Но, сега ми е важно да можам да поминувам повеќе време со семејството и да се фокусирам на мојот клуб. Новата генерација несомнено ќе ни пружи уште поголеми моменти“, напиша 34-годишниот играч за врска на Атлетико (Мадрид), кој има 130 настапи за „црвените ѓаволи“ и е само втор по Јан Вертонген.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Axel Witsel (@axelwitsel28)

ПретходноМајами ги елиминира Никс и се пласира во финалето на Истокот
СледноУапсен репрезентативец на Србија поради тепачка