Со убедлива победа од 7:1 против Борец во последното коло од тековната сезона и со 75 освоени бодови, екипата на Воска Спорт ја освои Втората македонска фудбалска лига. Тимот од Охрид ја завршува сезоната со шампионски пехар и промоција во фудбалска елита за следната сезона. По мечот денеска, пехарот предвиден за најдобриот во лигата заврши во рацете на фудбалерите на Воска Спорт.